Обвинителот во случајот на убиството на малата Медлин се огласи: Девојчето е киднапирано, силувано и потоа убиено

Фото: Профимедиа

Германскиот обвинител изјави денеска Медлин Мекен била убиена набргу откако била киднапирана.

Ханс Кристијан Волтерс, кој ја води истрагата против осомничениот Кристијан брукнер, рекол за Тајмс дека полицијата открила дека осомничениот раскажувал за киднапирањето и убивањето на девојчето во разговор преку онлајн чет со еден педофил.

Во еден момент тој пишувал за својата болна желба да „фати нешто мало и да го користи со денови“, а на прашањето што ако го фатат тој рекол: „Па, ако доказите се уништени…“

– Моето лично мислење е дека тој релативно брзо го убил девојчето, веројатно го злоупотребувал, а потоа го убил, рекол господин Волтерс.

– Веруваме дека нашиот осомничен направил и други злосторства, посебно сексуални, во Португалија, но можеби и на други места како Германија, рекол тој.

Волтерс додал дека сакал да собере што повеќе докази пред да се соочи со Брукнер, за да има посилен случај против него.

Кристијан Брукнер (43) е во затвор во Германија каде служи казна за силување и грабеж на една 72-годишна Американка која како турист била во Португалија неколку месеци пред исчезнувањето на Медлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот