Пресврт во случајот стар 13 години: Германските обвинители тврдат дека малата Медлин е мртва (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Германските обвинители кои го истражуваат новиот осомничен во случајот на исчезнувањето на Медлин тврдат дека девојчето е мртво.

Јавниот обвинител тоа го соопштил денеска на конференција за медиумите, откако е откриен нов клучен осомничен.

Властите рекле дека случајот го третираат како убиство и дека утврдиле како девојчето е убиено. Телото никогаш не е пронајдено.

Официјалната најава ќе служи како голем удар за нејзините родители, Кејт и Гери Мекен кои никогаш не се откажале од надежта дека ќе ја пронајдат жива.

Медлин исчезнала на три години од португалското летувалиште каде престојувала со фамилијата.

Синоќешната најава претставува значителен чекор во случајот кој останува нерасчистен 13 години. Властите истражуваат 43-годишен Германец заради сомневање за убиство.

„Претпоставуваме дека девојчето е мртво. Осомничениот е сексуален предатор кој веќе бил обвинуван за злосторства против девојчиња и веќе служи долга затворска казна“, изјави Ханс Кристијан Волтерс од канцеларијата на јавниот обвинител на Брауншвајг.

За Кристијан В. се знае дека живеел во Алгарв од 1995 до 2007 година, каде што работел, но и вршел грабежи во хотели и продавал дрога. Се верува дека бил во областа во Португалија каде што
Медлин за последен пат била видена додека била на одмор со родителите. Медлин исчезна вечерта на 3 мај 2007, неколку дена пред четвртиот роденден, од апартман во Праја да Луж, додека нејзините родители биле во ресторан со пријатели.

Застапникот на родителите на Медлин вели дека ова е најјасната трага за случајот во последните 13 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот