„Свињите јадат и човечко месо“: Осомничениот за киднапирање на малата Медлин наводно им рекол на пријателите дека е мртва (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Кристијан Брукнер, Германецот осомничен дека ја киднапирал Медлин Мекен пред 13 години, наводно рекол дека таа е мртва, пренесуваат британските медиуми. И додека се откриваат се повеќе сведоци против него, германската полиција е уверена дека Медлин е мртва, а еден португалски полицаец тврди дека Брукнер не е виновен.

Mедлин Мекен, пред да биде киднапирана / Фото: Профимедиа

Медлин за последен пат била видена додека била на одмор со родителите. Медлин исчезна вечерта на 3 мај 2007, неколку дена пред четвртиот роденден, од апартман во Праја да Луж, додека нејзините родители биле во ресторан со пријатели.

Една пријателка на осомничениот Брукнер, која работи како келнерка, Лента Јолиц рекла дека слушнала како тој зборува дека Медлин е мртва. Јолиц еден ден во 2014 година со пријателите зборувала за исчезнувањето на Медлин Мекен.

Брукнер бил во близина и не му било пријатно за време на разговорот, раскажала таа за Билд. „Во еден момент тој потполно се избезуми и викаше: „Детето сега е мртво. И тоа е добра работа. Постојат начини како телото брзо да исчезне. Свињите јадат и човечко месо“, се присетила Лента на зборовите на Кристијан Брукнер.

Фото: Профимедиа

Третата трага е сведок кој ја видел Медлин дека влегува во комбе кое наликувало на тоа Брукнер, три недели по нејзиното исчезнување. Како што пишуваат британските медиуми повикувајќи се на полициски извештај кој го виделе, португалската полиција не ја истражувала таа трага премногу. Дека постојат различни мислења во истрагата околу случајот Мекен, покажува и најновата изјава на еден високо позициониран полициски португалски функционер кој тврди дека Брукнер е невин.

Без докази

Неименуван полицаец за шпански АБЦ рекол дека е добро запознае со случајот и дека Брукнер бил испрашан пред четири години и пуштен откако не пронашле докази кои би го поврзале со исчезнувањето на Мекен. Тој тврди дека овој случај во овој момент е многу тешко да се реши и дека властите излегле со информации за нов осомничен за да привлечат нови сведоци.

Тој го отфрлил обвинувањето на британската полиција дека португалските власти го пуштиле Брукнер без премногу истражувања.

Германските власти се свесни дека немаат доволно докази и дека осомничениот наскоро би можел да се најде на слобода. Единствената надеж која им останува е дека Брукнер „ќе се издаде„ кај колегите затвореници за киднапирањето на Медлин. Затоа е ставен под посебен надзор во затворот.

Во меѓувреме откриени се докази кои го поврзуваат Брукнер со исчезнувањето на уште најмалку четири малолетни деца, па постојат сомнежи дека се работи за предатор и сериски силувач, а можеби и убиец.

Куќата во која живеел Брукнер при исчезнувањето на Медлин била одалечена 25 минути од местото на исчезнување/ Фото: Профимедиа

Исчезнувањето на Медлин е познато на светската јавност последниве 13 години, а популарната стриминг платформа Нетфликс минатата година објави документарец посветен на сите детали поврзани со случката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот