Дали е возможен лифтинг без хируршки зафат? Да, со Ultherapy

Фото: Клиника „Жан Митрев“

Третманот со Ultherapy® е неинвазивна постапка за лифтинг и затегнување на кожата на лицето, вратот и деколтето, единствената која е одобрена од страна на ФДА (Американската Федерална агенција за лекови и храна). Ultherapy® е ,,златниот стандард“ кога станува збор за нехируршки лифтинг и затегнување на кожата согласно следните три параметри: начин на функционирање, голем број клинички докази и високото ниво на задоволство на пациентите. Секако, тука се бројните награди кои ги освојува секоја година во својата категорија како резултат на мислењата на релевантни медицинаки експерти и естетичари.

Поттикнете производство на колаген со Ultherapy®

Предности на Ultherapy®: нехируршки третман, го стимулира производството на колаген, дава природни резултати, еднократна постапка.
Ulthera пренесува ултразвучна енергија на истиот слој на кожа што хирурзите пластичари обично ја третираат со хируршки зафат. Со Ultherapy® ефектот се постигнува без сечење на површината на кожата. Токму оваа енергија ја активира природната реакција на телото за да го стимулира формирањето на свеж, нов колаген и да го зајакне слабиот колаген. Некои пациенти забележуваат ефект веднаш по третманот, но вистинските резултати се покажуваат после 2-3 месеци. Создавањето на колаген постепено ја затегнува и ја измазнува кожата на лицето и вратот и деколтето. Во споредба со ласерот, радиофреквенцијата и другите технологии, Ultherapy® продира под површината на кожата пренесувајќи оптимална енергија, температура со огромна прецизност во длабочината на кожата. Ultherapy® има уникатна визуелизација со ехо што овозможува ултразвучната енергија да се пренесува безбедно и на начин кој е најефикасен и каде што е најпотребно. Ultherapy® е интересна алтернатива за оние кои не се подготвени за операција и за пациентите кои сакаат да ги подобрат ефектите од естетската хирургија.

Научете како делува Ultherapy®

Со употреба на комбинирана технологија под ултразвук, Ultherapy® генерира термички ефект под кожата кој предизвикува вашето тело веднаш да започне со процесот за создавање свеж, нов колаген. А ултразвучното снимање, прецизно ги прикажува сите слоеви на вашето ткиво под кожата, така што вашиот дерматолог со помош на Ultherapy® може да го приспособи третманот согласно вашите потреби. Едноставно насочувајќи вистинска количина на енергија, на вистинската длабочина и секако со соодветна температура. Ова со сигурност овозможува енергијата да се достави до областите каде што е најделотворно за вас.
Колагенот е природен протеин, кој ја одржува кожата во форма и влијае на младешкиот изглед, бидејќи ја одржува цврста и тонирана. Како што старееме, опаѓа продукцијата на колагенот и резултатот е губење на јачината и еластичноста на кожата.
Но нема место за паника – Ultherapy® е тука!
Ultherapy® делува подлабоко за да го стимулира производството на сопствен колаген и еластин.
Може да се применува на следните области на лицето: над очните капаци, во зоната на образите, подбрадокот, вратот, деколтето.
Согласно резултатите од бројните испитувања, докажано е дека производството на колаген по примена на Ultherapy® во просек пораснало за 50%.

За да закажете кај дерматолозите, јавете се во Центарот за естетска дерматологија на 02/3104-910.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот