Дали е сè природно? Пластичен хирург ја „разоткри“ Дакота Џонсон по жешката кампања за „Келвин Клајн“
Американската актерка Дакота Џонсон (36) неодамна позираше за новата кампања на „Келвин Клајн“, во која се појави во провокативни модни изданија.
Препорачано
Џонсон, позната по својот минималистички стил и природна убавина, на фотографиите позира во топлес комбинации со фармерки, како и во класични сетови долна облека.
Дел од кадрите ја прикажуваат во црн градник на кауч, комбиниран со високи потпетици, додека на други, позиционирана покрај прозорец, дискретно ги покрива градите.

Интересот за нејзиниот изглед дополнително се зголеми откако пластичен хирург за „Дејли мејл“ даде стручно мислење за можните естетски интервенции.
Д-р Шон МекНели, кој не ја лекувал лично актерката, анализирал фотографии од различни периоди и посочил на суптилни промени.
„Се сомневам на горна блефаропластика со browpexy, бидејќи има повеќе отворен простор над линијата на трепките и изгледа дека нема вишок кожа“, изјавил тој.

„Претпоставувам дека станува збор за browpexy, а не за класично подигнување на веѓите, бидејќи резултатот е суптилен, а нејзината линија на коса и онака е висока, па не можам да замислам дека некој би ѝ правел browlift“, појаснил лекарот.
Освен тоа, хирургот се сомнева и на употреба на ботокс поради мазната кожа без видливи брчки, како и на филери во образите и усните, „со оглед на зголемената полност“ на тие региони.
„Во најмала рака, користи квалитетни производи за нега на кожата за да ја одржи текстурата и тонусот, но третмани како IPL или BBL за пигментација, како и полесни ласерски процедури за обновување на кожата, не се исклучени“, додал МекНели.
И покрај ваквите анализи, актерката досега јавно нема потврдено дека се подложила на какви било естетски зафати.
Таа и понатаму важи за една од највлијателните фигури во современата поп-култура, успешно комбинирајќи ја актерската кариера со модни ангажмани.


