ДАЛИ Е ОВА КРАЈОТ НА ЛУКАШЕНКО: Народот не престанува да штрајкува, не е познато ниту дали Путин ќе му помогне

Колаж: ЕПА-ЕФЕ

Што понатаму ќе се случува дополнително може да зависи од тоа што прават таканаречените „силовики“- полиција, војска и другите сили на безбедност.

По 26 години владеење, се чини дека дојде време Александар Лукашенко конечно да оди во пензија. Повеќе од четврт век тој беше лидер на диктатура во Белорусија, жестоко се спротиставуваше на неистомислениците, гушејќи ги критиките, апсејќи активисти и спроведувајќи смртни казни.

Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ANDREI STASEVICH / POOL

По неговото негирање на опасноста од коронавирусот и уште којзнае кои по ред сомнителни избори, се чини дека народот се одлучи да му стави до знаење дека работите веќе нема да продолжат вака.

Штрајкови

Додека се одвиваат се помасовни протести во Минск и други градови, Лукашенко продолжува да инсистира на тоа дека зад нив стои друга сила, меѓутоа, голема опасност по неговата власт сега претставува фактот дека на демонстрантите им се приклучуваат и работници од државните фирми.

Фото: EPA-EFE/STR

Со тоа, слободно може да се каже дека започнаа големи штрајкови ширум земјата, кои, ако потраат, може да и наштетат на и онака лошата економија.

На Лукашенко му се случи исто како и на Чаушеску, работниците му го прекинаа говорот (ВИДЕО)

Градежни работници, работници од фабрики во нафтената индустрија и други работници се повеќе покажуваат непослушност и им се придружуваат на протестите.

Работниците ја напуштаат фабриката MZKT и се приклучуваат на протестите / 18 август 2020 / Минск, Белорусија / Фото: EPA-EFE/TATIANA ZENKOVICH

Во понеделникот на протестите учествуваа и работници од државните медиуми, како и рудари.

Работници од „Беларускалиј’ се подготвуваат да се приклучат на протестите / Минск, Белорусија, 17 август 2020 / Фото: EPA-EFE/STRINGER

„Силовиките“ одбиваат послушност

Што понатаму ќе се случува дополнително може да зависи од тоа што прават таканаречените „силовики“- полиција, војска и другите сили на безбедност.

Некои веќе дадоа оставки, па на неколку објавени видеозаписи на социјалните мрежи покажаа како ги уништуваат своите униформи.

Според зборовите на полицаецот Иван Колос, веќе околу 1.000 полицајци ги поддржаа протестите. Тој поради поддршка на демонстранатите останал без работа и медали.

Протестен марш во Минск: Полицијата ги спушти штитовите во знак на солидарност со демонстрантите (ВИДЕО)

„Ова е неговиот крај“

Како што притисокот кон Лукашенко расте, многу аналитичари предвидуваат дека тој ќе преземе уште порепресивни мерки како би се задржал на власт.

Минск, Белорусија / 9 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Севијарин Квијаткоуски, белоруски аналитичар, вели дека никој не можел да предвиди вакви протести во земјата.

Девојка повредена на протестите во Минск, Белорусија / 10 август 2020 / Фото: EPA-EFE/STRINGER

– Никој, а најмалку власта, не можеше да предвиди дека ова ќе се случи. Морате да сфатите дека народот нема да попушти. Тоа е тоа, ова е крајот. Вие сега го гледате крајот на режимот на Лукашенко – предвидува Квијаткоуски.

Минск, Белорусија / 12 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATIANA ZENKOVICH

Меѓутоа, тој се плаши дека Лукашенко од очај може да направи некои ужасни работи, како погубувања.

Страотни сцени од Минск: Полицијата пука во народот (ВИДЕО)

Минск, Белорусија / 17 август 2020 / Фото. EPA-EFE/STR

Арсен Сивитски, директор на центарот за стратешка и надворешна политика во Минск, смета дека положбата на Лукашенко се намалува како што протестите растат, а според него тоа е посебно евидентно со зголемениот број на работници кои масовно се приклучуваат кон штрајкот.

Илјадници луѓе на улиците во Минск, Белорусија / 15 август 2020 / Фото: EPA-EFE/STR

Лукашенко е свесен дека е поразен

Иако продолжува да тврди дека протестите нема да го срушат, Лукашенко и самиот со своето однесување демонстрира страв.

Додека на улиците во Минск протестираат 200.000 демонстранти, на државна телевизија има руски концерт (ВИДЕО)

Така, тој во понеделникот кон работниците кои го исвиркуваа упати порака дека нови избори ќе има само доколку тој е убиен.

Александар Лукашенко на говор пред работниците во фабриките ги изгуби нервите / 18 август 2020 / Минск, Белорусија / Фото: PA-EFE/YAUHEN YERCHAK

– Зборувате за нефер избори и барате фер избори. Епа имам порака за вас. Имавме избори и ако не ме убиете нема да има други – порача Лукашенко.

Меѓутоа, веќе во следната изјава зборуваше поинаку.

– Мораме да усвоиме нов устав. Тој мора да биде усвоен на референдум, затоа што и претходниот устав го усвоивме на референдум, и според новиот устав, ако сакате, можете да одржите избори – и парламентарни и претседателски и локални – рече тој.

РАБОТНИЦИТЕ НА ШТРАЈК: Демонстрации пред неколку фабрики во Минск (ВИДЕО)

Оваа последна изјава означува голема промена, бидејќи досега Лукашенко не ја споменуваше можноста за нови избори.

Тој очајнички го повика на помош рускиот лидер Владимир Путин со кој има комплицирани односи.

Фото: EPA-EFE/SERGEI BOBILYV / SPUTNIK / KREMLIN

Меѓутоа, Путин лесно би можел да го остави на цедило, ако процени дека не му се исплати дополнително да си го комплицира животот.

Лукашенко останува со се помалку пријатели покрај себе и помалку опции за преживување на оваа криза.

Потресни сведочења од притворените на протестите во Минск: Не соблекуваа голи, не тепаа и не мачеа, жените врескаа (ВИДЕО+ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот