Додека на улиците во Минск протестираат 200.000 демонстранти, на државна телевизија има руски концерт (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/STR

Во центарот на Минск, на протест против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, се собраа околу 200.000 демонстранти, јавуваат белоруските медиуми.

Демонстрантите ги имаше во голем број и протестираа против резултатите од претседателските избори на кои, по шести пат, победи Александар Лукашенко.

Според проценката на белоруската новинарка Хана Љубакова, само на улиците на Минск има повеќе од 200.000 луѓе.

И додека државната телевизија пренесува снимка од концертот на рускиот поп пејач Филип Киркоров, на улиците во градовите низ Белорусија протестираат илјадници демонстранти.

Демонстрантите изглегоа на улиците и во други градови, како Брест и Гродно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот