Дали е безбедно да се консумираат производи и откако ќе им „помине“ рокот?

супермаркет
Фото: Pexels / Kevin Malik

Ако сте еден од претпазливите луѓе кои ги фрлаат прехранбените производи затоа што им поминал датумот пред само неколку дена, време е да разгледаме подетално што всушност значат датумите на пакувањата, со цел да се спречи непотребното фрлање на храна.

Речиси на секој производ стои натписот „употребливо до“ или „најдобро да се користи до“, но дали знаете што точно означува тоа?

Фото: Unsplash

Како пример ќе го земеме млекото како еден од најчестите производи кои се консумираат секојдневно во светот. Дали знаете дека амбалажите на производите не ни даваат идникации за безбедноста на храната?Датумот што стои на пакувањето на млекото, всушност го означува последниот датум кога се очекува млекото да биде со врвен квалитет.

Линдзи Пасиека, истражувач за „Consumer Safety “, за магазинот „Business Insider“, објаснува дека датумите на производите се ставени да потсетуваат кога производот треба да ги напушти полиците во маркетот, а тоа не значи дека треба веднаш да заврши во ѓубре.

За многумина, „употребливо до“ е суштински услов за маркетинг. Ова им овозможува на производителите да им кажат на потрошувачите кога е последниот предвиден ден дека производот ќе ја има врвната свежина што се очекува. Датумите не го означуваат кога продуктот ќе се расипе.

unsplash
Фото: Unsplash

Да се вратиме на млекото, иделано температура за чување на млекото е од 3 до 4 степени целизиусови. Секое неотворено пакување млеко би требало да може да се консумира 5 до 10 дена по предвидениот датум (во зависност од видот на млекото). Доколку пакувањето е отворено може да трае четири до седум дена по датумот што стои на пакувањето, ако е оставено на собна температура, експертите препорачуваат да се фрли по 2 часа.

unsplash
Фото: Unsplash

Помисливте на млекото што ви „седи“ во вратата од вашиот фрижидер? Па, преместетe го на задниот дел од фрижидерот. Иако совршено се вклопува во преградите на вратата, во секој случај не треба да го чувате таму. Континуираното отворање на вратата на фрижидерот доведува до многу честа промена на температурата, што воедно доведува до побрзо расипување. Наместо тоа, складирајте го млекото што е можно подалеку од вратата на фрижидерот.

Секако, можете да ги користите и вашите сетила. Без оглед на датумот, млекото што има киселкаст вкус или почнува да ја менува текстурата или густината – веќе не е употребливо. Но, ништо сериозно нема да ви се случи и случајно да го пробате и откриете дека не е во „најдобра форма“.

Ролф Халден, инженер за животна средина и истражувач од САД вели дека „луѓето имаат вродена способност да почувствуваат проблеми поврзани со храната, почнувајќи од изгледот до мирисот и тактилните траги. Иако ова не е совршено, ни овозможува храната брзо да заврши во ѓубре“.

Според постојаните апели и анализи за гладот во светски рамки, се препорачува совесно купување на производи, купете само онолку колку што навистина ви треба. Не фрлајте храна!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот