Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Дачиќ бара меѓународната заедница да изврши притисок врз Курти

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ја оцени како „срамен чин” одлуката на косовските власти да му забранат на патријархот на СПЦ Порфириј за Божиќ да оди во Пеќската патријаршија.

Дачиќ ја осуди меѓународната заедница што не реагирала во врска со ова и изјави дека ваквата забрана за кој било верски лидер во Европа би предизвикала најостри можни реакции.

Тој оцени и дека суштината на излезот од актуелната ситуација на Косово е меѓународната заедница да изврши притисок врз косовскиот премиер Албин Курти.

Српскиот шеф на дипломатијата рече и дека државниот врв на Србија ќе продолжи да се залага за мир и решавање на сите проблеми преку дијалог и повтори дека нема да се дозволи било каков прогон на Србите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот