Да се внимава на Скубе, тој не знае нас, но и ние го знаеме него
Во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар го пречекуваат Брест Мешков.
Утрешниот дуел (18.45 ч.) ќе претставува враќање во Скопје за Сташ Скубе кој до минатата сезона го носеше дресот на Вардар и со кого во 2019 година триумфира во Лигата на шампионите. Бекот на Вардар, Мартин Карапалевски смета дека токму Скубе ќе биде најголемата опасност по „црвено-црните“.
Препорачано
– Мораме добро да одиграме. Треба добро да се внимава на Скубе, тој е нивниот мотор. Се оди преку него. Ако него го сопреме ќе биде полесно. Тој не знае нас, ние го знаеме него. Секој меч сезонава во Лигата на шампионите е различен, но подеднакво тежок. Ние играме добро, барем на последните натпревари во ЛШ, иако немавме многу среќата на некои од последните, или пак во последните моменти грешевме. Секако проблем е што во последно време не сме комплетни, па тоа малку ги пореметува нашите планови. Но, како оди сезоната се повеќе се воигруваме – вели Карапалевски.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961


