д-р Владимир Трајковски: Криопрезервација на јајце-клетки – вистинска одлука за иднината

На оваа актуелна тема разговараме со д-р Владимир Трајковски, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ-специјалист во Центарот за плодност „Њуборн клиник“.

Зачувувањето на плодноста е неопходна привилегија на мултифункционалниот здравствен систем, кој се грижи за идниот квалитет на живот на пациентите. Криопрезервацијата на јајце-клетки нуди ефективна можност за зачувување на репродуктивниот потенцијал на жената и овозможува планирање на бременоста во различни сценарија и социјални контексти според изборот на секоја жена.

Што претставува криопрезервација на јајце-клетки?

– Процедурата за криопрезервација на јајце-клетки започнува исто како при ин витро постапка, со што пациентката прима одредена хормонска терапија за да се добијат повеќе јајце-клетки во истиот циклус. При пункција на јајце-клетки, тие се вадат и се собираат. Во лабораториски услови се одвива соодветна обработка и подоцна замрзнување на јајце-клетките. При процесот на замрзнувцање на јајце-клетки може за да се замрзнат само оние јајце-клетки што се зрели и со добар квалитет. Криопрезервација на јајце-клетки се врши со метод на витрификација, односно брзо замрзнување, со што се овозможува ефикасно и безбедно замрзнување. Замрзнатите јајце-клетки се чуваат во посебни контејнери со течен азот на температура од -196 степени.

pixabay

Кому се препорачува криопрезервација на јајце-клетки?

– Криопрезервација на јајце-клетки се препорачува на пациентки кои планираат одложено родителство, немаат партнер, пациентки со одредени видови канцер или други заболувања.

Која е целта на криопрезервација на ембриони и зошто е потребна?

– При ин витро постапката, доколку дојде до успешно оплодување на повеќе јајце-клетки и до развивање на повеќе ембриони, може на пациентот да му се предложи криопрезервација (замрзнување) на ембриони. Оваа процедура е застапена кај 50-60% од паровите кои прават ин витро оплодување. Главната цел на оваа постапка е пациентката да не се изложува повторно на хормонска терапија и анестезија, туку да прими одредена терапија која ќе овозможи ендометриум со соодветна дебелина погодна за ембрио-трансфер. Замрзнување на ембриони може да се препорача и кај пациентки при хиперстимулација, несоодветна дебелина на ендометриум или несоодветен хормонски статус, причини кои може да придонесат до намалена имплантација на ембриони.

Во која фаза на развој ембрионите можат да се криопрезервираат?

– Ембрионите може да се криопрезервираат во сите фази од нивниот развој, меѓутоа најчесто се замрзнуваат во третиот или петтиот ден од развојот. Практикуваме да се замрзнат само ембриони со добар развој и добар квалитет, како би се намалиле шансите за оштетување или целосно изумирање на ембрионите при процесот на замрзнување/одмрзнување. Процесот на криопрезервација на ембриони се врши со метод на витрификација, односно брзо замрнување. Овој метод овозможува брзо и безбедно замрзнување на ембриони на температура од -196 степени во течен азот. Чувањето на замрзнатите ембриони е во посебни контејнери со течен азот, кои овозможуваат одржување на температура од -196 степени. Откако ембрионите ќе бидат замрзнати, може да се чуваат неограничено долг период во исти услови, меѓутоа според најновите стандарди не се препорачува чувањето на ембриони да биде подолго од пет години. Методот на одмрзнување на ембриони исто така е брз и безебеден, со што се овозможува 90% преживување на ембрионите. Процентот на успех е еднакво ист при трансфер на свежи и при трансфер на замрзнати/одмрзнати ембриони.

„Њуборн клиник“ – Центар за плодност, булевар „Илинден“ 107, 1000 Скопје,

Телефон : +389 (0)2  2734 350

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот