Д-р Стојанов: Што побргу да се вакцинираат повеќе луѓе, а во тие луѓе влегуваат и децата

Д-р Александар Стојанов, Фото: Архива

Од денеска во земјава започна вакцинацијата на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“, а епидемилогот и поранешен директор на Центарот за јавно здравје, д-р Александар Стојанов, во разговор за „Слободен печат“ ги поттикна родителите да не се плашат и да ги вакцинираат своите деца.

– Стравот кај родителите не е ништо ново. Од како знам за себе тие одбиваат да ги вакцинираат децата и постојано имаме проблеми со тоа. Инаку, медицинско познавање во земјава нема, треба сите да се вакцинираат – вели д-р Стојанов.

Тој одговори и на изјавата на микробиологот Пановски, кој смета дека треба да продолжи да се става акцентот на вакцинација на возрасните, а не на децата, посочувајќи дека треба да се вакцинираат сите, дури и животните.

– И она Пановски што вели дека децата не треба, јас велам дека треба и животните да се вакцинираат против ковид, бидејќи имаше и случаи кога човек го пренесуваше вирусот на животно, не и обратно. Се треба да се вакцинира, така се сузбива пандемија, не можете да оставате џебови – додаде д-р Стојанов.

Докторот вели дека страв не смее да има, а изјави и дека сите вакцини се добри.

– Потребно е во што пократок период да се вакцинираат што повеќе луѓе, а во тие луѓе влегуваат и децата. Еве кај нас возраста е од 12 до 16 години, но некои земји ја симнаа границата и дури и деца од 3 години можат да примаат вакцина. Така што, јас сум апсолутно за вакцинација и нема потреба од страв, вакцините се добри – заклучи д-р Стојанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот