Д-р Несторовиќ: Коронавирусот е единствениот респираторен вирус кој ги напаѓа тестисите

„Многу млади луѓе имаат пневмонија, иако не беше така во март, април, мај, вирусот предизвикува тешка пневмонија и ги напаѓа помладите луѓе, како да не е истиот вирус. Мене ова ми се чини како нов вид вирус на корона“, изјави д-р Бранимир Несторовиќ кој повеќепати ја шокираше српската, но и балканската јавност со неговите изјави за новиот коронавирус.

Несторовиќ повторно шокира: Се враќаме во нормала, се случуваат убиства како во старите добри времиња

„Некако помина незабележано дека овој вирус ги напаѓа мозокот, бубрезите, тестисите … Ова е единствениот респираторен вирус кој ги напаѓа тестисите. Ќе видиме како ќе реагираат на ова младите луѓе кои се заразиле со вирусот… Никогаш не сум видел ваков вирус“ вели Несторовиќ.

Ние овде доста добро поминавме, и финансиски, немаше немири, смета Несторовиќ.

– На крајот на краиштата, ова беше страшен стрес. Имам впечаток дека луѓето се незадоволни што 270 луѓе починале – смета Несторовиќ.

Несторовиќ повторно шокира: Се враќаме во нормала, се случуваат убиства како во старите добри времиња

Словените и Германците одлично поминаа, ние сме прилично отпорни на овој вирус, вели д-р Несторовиќ. Според него, генетиката исто така игра голема улога.

„Доказ дека сме најстара нација во Европа е PH негативност. Бевме отпорни и на СИДА. Оние нации кои страдале многу од туберкулоза, се чини дека се отпорни на СИДА. Вирусите сами по себе не се опасни за нас, тие се опасни за поедини луѓе.“, вели д-р Бранимир Несторовиќ.

Експертот на Вучиќ кој го исмеваше коронавирусот: Одеднаш станав дебил и кретен (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот