Фото: Промо

Д-р Митрев – говорник на панел за третман на вродени срцеви заболувања

26 години искуство, знаење и посветеност споделени со новите генерации и колегите од регионот.

На првиот балкански конгрес за педијатриска кардиологија и кардиохирургија во Приштина, д-р Жан Митрев учествуваше како говорник на посебен панел посветен на третманот на вродени срцеви заболувања, каде што ги презентираше искуството, развојот и резултатите на Клиниката „Жан Митрев“ во областа на кардиоваскуларната хирургија.

Говорејќи за искуството на клиниката во третманот на вродени срцеви заболувања, тој посочи дека досега успешно се третирани околу 1.570 случаи, а клиниката реализира околу 1.000 операции и околу 800 васкуларни процедури годишно.

Фото: Промо

Во осврт на континуираниот развој на кардиоваскуларниот третман, д-р Митрев истакна дека од 2007 година клиниката значително напредувала во дијагностиката преку употреба на КТ-скен. Тој додаде дека медицински тим на Клиниката „Жан Митрев“ денес е високо специјализиран за дијагностицирање кардиоваскуларни заболувања и дека користи технологија за 3Д-реконструкција на срцето за покомплексни третмани.

На крајот на презентацијата, д-р Митрев сподели два посебни случаи на бебиња од Косово, кои биле успешно третирани од многу ретки срцеви заболувања, докажувајќи ја не само експертизата, туку и човечкото влијание на оваа професија.

Фото: Промо

Стручниот тим на Клиниката „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. За информации и закажување термин јавете се на телефонот 02/ 3091484.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот