д-р Горан Николов: Дебелината и ковид-19 можат да бидат смртоносна комбинација!

Дебелината и ковид-19 можат да бидат смртоносна комбинација, која е главен виновник за зголемената смртност кај младите инфицирани со вирусот. По тој повод, Центарот за внатрешни болести „Срце“, како еден од регионалните лидерите во областа на Обезитологијата, објавува серија на промотивно-едукативни текстови на оваа тема.

Дебелината е глобален здравствен проблем, кој зазема сѐ пошироки граници. Таа претставува хронично, незаразно заболување со комплексна позадина. Може да започне во раното детство, а да продолжи со прогресивен пораст, особено во пубертетот, или пак во подоцната возраст, како резултат на неправилна исхрана и физичка неактивност.

Најчести фактори што придонесуваат за дебелината се генетските, потоа неправилни навики во исхраната, психички и социоекономски. Најголемо значење во справување со дебелината имаат оние фактори на кои може да се делува: намалување на прекумерен внес на храна и алкохол, зголемена физичка активност, справување со стрес.

Дебелината доведува до наталожување на маснотии во внатрешните органи, инсулинска резистенција и висок крвен притисок. Тоа води до други здравствени проблеми како дијабетес, срцева слабост, нарушена функција на бубрезите и црниот дроб.

Покрај таложењето на мастите под кожата, вишокот на масното ткиво се складира околу и во внатрешните ограни, т.н. висцерални масти, кои најмногу му штетат на организмот. Мастите наталожени во стомачната регија се однесуваат како ендокрин орган кој лачи активни медијатори кои предизвикуваат хронично воспаление во телото, како и предиспозиција за појава на шеќерна болест и зголемен крвен притисок.

Судир на две пандемии

Англискиот завод за јавно здравство има објавено податоци кои покажуваат дека кај луѓето чиј индекс на телесна маса (ИТМ) изнесува од 30 до 35, ризикот од смрт од ковид-19 се зголемува за 40%, а дури за 90% кај оние чиј индекс на телесна маса е поголем од 40 (екстремна дебелина), во споредба со луѓето со нормална телесна тежина.

Сегашните докази јасно укажуваат дека прекумерната телесна тежина и дебелината се ризик за посериозен облик на инфекцијата со ковид-19, но и за многу други заболувања.

Експертите понатаму продолжуваат да истражуваат кој механизам точно ја објаснува врската помеѓу дебелината и ковид-19 инфекцијата, а засега се потврдени неколку факти.

Англискиот завод за јавно здравство објави податоци кои покажуваат дека кај луѓето чиј индекс на телесна маса (ИТМ) изнесува од 30 до 35, ризикот од смрт од ковид-19 се зголемува за 40%, а дури за 90% кај оние чиј индекс на телесна маса е поголем од 40. фото – профимедиа

Прекумерната акумулација на маснотии може да влијае и на респираторниот тракт. Дебелите луѓе често имаат „глад за воздух“ и недостаток на кислород во крвта и ткивата.

Масното ткиво има повеќе рецептори на ангиотензин конвертирачкиот ензим 2 (АКЕ2), кои вирусот ги користи за влез во клетките. Стручњаците сметаат дека луѓето кои имаат повисоки нивоа на AКЕ2 рецептори можат полесно да се заразат со ковид-19.

Франческо Рубино (Francesco Rubino), експерт за дебелина и директор на одделот за баријатриска и метаболна хирургија на лондонскиот „Кингс колеџ“ (King’s College), ја нарекува поврзаноста на ковид-19 и дебелината „судир на две пандемии“.

Тој вели дека во прв план треба да се стави поагресивното справување со дебелината. „Лекцијата од пандемијата со КОВИД-19 е дека нетретирањето на дебелината не е опција“.

Центар за внатрешни болести „Срце“

Ул. „3-та македонска бригада“ бр. 45/1-2, 1000 Скопје

Тел. 02/3217-016, моб. 071/319-208

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот