Д-р Дејан Докиќ: Во Србија иако има вакцини, има и многу заразени – ние тоа ќе го избегнеме!

Пулмологот д-р Дејан Докиќ во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека можеби доцниме со вакцинацијата, но дека сега ќе бидеме поискусни и нема да ги повторуваме грешките коишто ги направија другите, како на пример Србија која што и покрај вакцинирањето, има многу заразени.

– Во однос на вакцинирањето, не сме задоцнети. Доколку некој со тајмер мери време со месеци, може таков впечаток се добива. Дали е добро да се вакцинира брзо со евентуално несакани реакции, за тоа сме евеидентни, одредени земји го прекинаа вакцинирањето како Австрија, Хрватска, имаа недостаток затоа што фирмите не можеа да испорачаат. Ако сте први и брзи… знаете како вели една поговорка: „Брза кучка, слепи кучиња раѓа“, вели Докиќ, кој додава дека не може да биде сопрен еден процес на вакцинација ако истиот почне.

– Ако почнете со еден процес, не може да го сопрете. Тоа е несериозно кон луѓето. Ние го немавме тој проблем. Навидум е задоцнето, но со многу поголемо туѓо искуство во однос на начинот на одвивање на вакцинација, несаканите ефекти, имунитетот што се создава. Во Србија има огромен број на новозаразени, затоа што на луѓето во перцепцијата е дека ако се вакцинираат може да прават што сакаат. Сето тоа ние ќе го избегнеме, рече Докиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот