Д-р Даниловски: Вакцините сега не спречуваат да се заразите, ама штитат од тешки симптоми и смрт

Проф.-д-р Драган Даниловски / фото: ТВ Сител/принтскрин

Со пандемијата имаме искуство веќе две години: секој нареден сој беше позаразен од претходниот и секој од нив го заобиколуваше имунитетот од претходниот вирус, а вакцините останаа исти, рече епидемиологот д-р Драган Даниловски во вечерашното гостување на телевизија Сител.

-Омикронот го заобиколува имунитетот и сега, имајќи предвид дека вакцинираните се заразуваат, излегува дека вакцините се неефикасни. Добрата вест е што штитат од тешки симптоми и смрт. Бидејќи омикронот е позаразен, потребни се повисоки антитела за да се спречи инфекција и заради тоа најзаштитени од овој сој се оние кои прележале и имаат примено две дози вакцини, но битно е колку време поминало од прележувањето, како и од вакцините. Третата доза е најдобра одбрана од повторна инфекција затоа што го бустира имунитетот, вели Даниловски.

Тој смета дека омикрон е „почеток на крајот на пандемијата“.

-Мислам дека омикронот е почеток на крајот – малку е веројатно да се случи катаклизма поради појава на нови варијанти, вели епидемиологот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот