ФОТО | Цветните блузи се хит за оваа пролет: Зачинете го лежерниот стил како Кејти Холмс!

Фото: Профимедиа

Нејзините комбинации на облека се толку едноставни, а толку инспиративни, што оваа актерка буквално ја направија кралица на лежерниот стил и уличната мода.

Откако Кејти Холмс пред две години ја раскина веридбата со Џејми Фокс, нејзиниот стил драстично се промени. Актерката ангажираше нов стилист и се чини дека оваа промена не ја променила само нејзината градероба, туку и личниот живот.

Фото: Профимедиа

Долго време не сме ја виделе Кејти на црвениот тепих, но сите нејзини лежерни и секојдневни модели се толку едностави, а беспрекорни, што можат да се вклопат во стилот на секоја жена која сака да изгледа уникатно. За тоа може да потврдат и последните папарацо фотографии од нејзината вчерашна прошета во Њујорк.

Фото: Профимедиа

Кејти Холмс носеше фармерки и патики, на кои им додаде доза елеганција со помош на цветната блуза со карнери и малата кафена торбичка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот