Црногорец на крузерот „Дајмонд принцес“ заразен со коронавирусот
Денес од бродот „Дајмонд принцес“ ќе се симнат и последните патниции чии резултати од тестирањата за коронавирусот се негативни, бидејќи заврши карантинот кој траеше од 3 февруари.
Државјанин на Црна Гора, кој е член на екипажот на крузерот „Дајмонд принцес“ е заразен со коронавирус, покажа тестирањето, а пренесува балканските медиуми.
Препорачано
Тој денес нема да може да биде пренесен со италијанскиот специјален лет со кој во 14 часот се евакуира еден српски државјанин кој е член на екипажот, бидејќи неговите резултати од тестот за коронавирусот се позитивни, соопшти српското Министерство за надворешни работи.
На бродот имаше 14 српски државјани, од кои 12 членови на екипажот. За потсетување, и еден Македонец, член на екипажот, исто така е заразен со коронавирусот.
Амбасадата на Србија во Токио, во соработка со компанијата „Принцес крузес“, ги разгледува сите можности за и останатите државјани на Србија, чии резултати од тестирањата би можеле да бидат негативни, што побрзо да се транспортираат од бродот.
Денес од бродот „Дајмонд принцес“ ќе се симнат и последните патниции чии резултати од тестирањата за коронавирусот се негативни, бидејќи заврши карантинот кој траеше од 3 февруари.
На бродот во кој имаше 3.700 патници, кој е вкотвен во Јокохама во Јапонија, забележана е најголемата бројка на случаи заболени од коронавирусот Ковид-19 надвор од Кина, кој во четвртокот вечер изнесуваше 634.
Два патници починаа од последиците на вирусот.


