ЦРН ЧАД ГО ПОКРИ НЕБОТО: Запалени околу триста стари гуми кај селото Костурино (ВИДЕО)

Околу триста стари гуми попладнево се запалени во селото Костурино, кај Струмица, информираат од Територијалната противпожарна единица.

-Пожарот го пријавил сопственикот на гумите, кој се сомнева дека му се намерно запалени, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Тројца пожарникари го гаснеле пожарот со едно противпожарно возило, а интервенцијата траела 2 часа.

Не е дозволено пожарот да ја зафати блиската нискостеблеста шума, а по интервенцијата огнот е целосно изгаснат.

Видео од црниот чад беше објавено на Фејсбук во групата Скопје бара чист воздух.

https://www.facebook.com/biljana.talevska.5/videos/10220666769767116/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот