ЦЕНЗУРА ВО АНГЛИЈА: Премиер лигата забрани емисии за намалување на плати и прекин на првенството

Претставници на Премиер лигата им наредија на телевизиите БТ Спорт и Скај Спорт во своите емисии да не дискутираат за евентуалниот крај на сезоната во најсилната англиска лига.

Челниците на Премиер лигата им пратиле меил на носителите на ТВ правата за натпреварите во Премиер лигата во кои напоменуваат дека коментарите кои се однесуваат за продолжување на сезоната не смеат да се емитуваат исто како и вестите за намалувањето на платите на фудбалерите, на играњето пред празни трибини, дека Ливерпул ќе биде шампион…

Екипите се посебно нервозни кога некој од нивните членови мора да зборува за потенцијалното продолжување на сезоната и слични работи. Интервјуата на кои телевизиите имаат права се тие на теренот, пред и по натпреварот. Затоа ни е наведено да ги избегнуваме ваквите вести во овие моменти“, пишува Скај Спорт.

Челниците на Премиер лигата со ваквото барање до двете телевизии сака да ги избегне лажните вести кои немаат никакви врски со одлуките на челниците на најквалитетното англиско натпреварување.

Во последните неколку дена постојано се шпекулира со разни сценарија за крајот на сезоната во Премиер лигата. Челниците на Лигата планираат да се доигра сезоната и Ливерпул така би ја освоил титулата која ја чека 30 години бидејќи има предност од 25 бода пред Манчестер сити.

Од друга страна, медиумите шпекулираат со разни сценарија, дека постои можност да се откаже сезоната доколку не се стави под контрола пандемијата со коронавирусот и притоа секојдневно се појавуваат разни предлози за крајот на сезоната, како и за евентуалното намалување на платите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот