Централна банка на Албанија: Надвор од банкарскиот систем има 2,8 милијарди евра

Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Повеќе од 344 милијарди леки (2,8 милијарди евра) циркулирале надвор од банките во Албанија на крајот на минатата  година. Ова се податоци на албанската Централна банка, според која е забележано највисокото историско ниво од кога почнало да се објавува овој податок во 2002 година.

– Се чини дека и пандемијата со коронавирусот, исто така, го зголеми протокот на пари во готово и покрај преземените мерки од властите за поттикнување на употребата на банкарската индустрија. Од крајот на февруари, пред да започне пандемијата, овој показател се зголемил за повеќе од 55 милијарди леки. Во однос на вкупниот износ на пари, надвор од банкарскиот систем циркулираат 23,6 отсто, пренесува ТВ „Ора њуз“.

Нивото на пари од околу 24 отсто што се надвор од банките од вкупниот износ е многу повисоко од просекот на Европската Унија и на регионот. Според податоците на Европската централна банка, нивото на пари надвор од банките во еврозоната е околу 9 отсто од вкупниот износ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот