Цели два дена се утврдуваат контактите на министерот Спасовски

Контактите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски остануваат енигма. Се уште за јавноста останува непознато колку и кои се лицата што комуницирале со Спасовски и согласно епидемиолошките анкети треба да останат во самоизолација.

Од МВР велат дека лицата кои со него биле во интензивен контакт веќе се самоизолирале и покрај тоа што не им е издадено решение.

– Во тек е епидемиолошката анкета која ќе го покаже вкупниот број лица што ќе добијат решение за изолација. Но, превентивно, уште од првиот момент лицата од најтесниот круг на министерот, се во самоизолација до добивање на насоки од здравствените власти, се вели во одговорот за Слободен печат од МВР.

Од Министерството за здравство, пак, исто така не споделуваат кој се ќе треба да се изолира и не откриваат дали се ближи до крај прибирањето на податоците на епидемиолозите. Неофицијално, епидемиолошката анкета ја спроведува Центарот за јавно здравје во Куманово, каде и живее Спасовски, а токму во Министерството за здравство завршуваат информациите за контактите на министерот, наместо да се распределат до останатите Центри за јавно здравје и ИЈЗ.

И од Државниот здравствен и санитарен инспекторат нема одговор на прашањето за колку лица што комуницирале со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се подготвуваат решенија за самоизолација и најавија повеќе детали за подоцна во денот. Според непотврдени информации, во ДЗСИ доцнеле резултатите од епидемиолошките анкети.

Претходно во текот на денот, портпаролот на Владата, Душко Арсовски истакна дека се уште не се знае кој ќе добие решение за изолација, но дека епидемиолошката анкета е во тек.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот