Цеца стави точка на шпекулациите за Брена – Таа не беше ни поканета!

Foto: Nikola Tomić

Околу свадбата на Вељко и Богдана Ражнатовиќ се уште се крева медиумска прашина, а Цеца одлучи да стави точка на шпекулациите кои се однеусваат на неприсуствувањето на Лепа Брена на свадбата.

Брена на тој ден беше во Монако, при што и на фановите им се пофали од одморот поставувајќи слики на нејзиниот Инстаграм профил. Во медимите така започнаа да кружат гласини дека таа отпатувала само за да не биде на веселбата на Цеца. Но вистината е дека Брена не била ни повикана на венчавката, што го потврди и самата Цеца.

Foto: Nikola Tomić

– Нема причина да се прави драма каде што ја нема, жената не беше ни повикана, тоа се само грозни шпекулации, објасни Цеца.

Оваа ситуација е крајно логична поради случувањата, со оглед на тоа што Цеца не беше повикана на венчавката на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ минатата година.

Инаку, Цеца и Брена никогаш не биле блиски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот