Цеца, Чола и уште неколку други јавни личности признаа на колку години за првпат воделе љубов!

Фото: Инстаграм

На оваа скокотлива тема отворено проговорија најголемите српски и регионални музички, ТВ и ријалити ѕвезди.

Огњен Амиџиќ

Познатиот ТВ водител, актер и пејач „своето сефте“ во сексот го направил на 15 години и вели дека гледано од денешна перспектива, му изгледа дека во тој момент правел се’ освен секс! Додека неговите родители не биле дома, тој викнал една другарка од средно училиште за да експериментираат… на тоа поле!

Здравко Чолиќ

Популарниот Чола првиот секс го имал на село… на една ливада покрај река.

– На селските девојки што чуваа овци јас како момче од градот им бев многу симпатичен“ – кусо прокоментирал пејачот тврдејќи дека невиноста ја изгубил навистина како многу млад.

Сузана Манчиќ

Некогашната лото девојка, ТВ водителка и пејачка, невиноста ја изгубила на 16 години. Вели дека во тој период имала момче во кое била лудо вљубена и едвај чекала да ја достигне долната граница од 16 години, која важела во тоа време, за да го стори тоа.

Цеца Ражнатовиќ

Фолк дивата вели дека била од последната генерација девојчиња каде невиноста била навистина важна. Нејзиниот „прв пат“ бил на 18 години, со момче со кое била во врска една и пол година. Вели дека тоа го направила повеќе од љубопитност, отколку од вистинска желба, а убавината на сексот ја почувствувала дури со нејзиниот сопруг Аркан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот