Царовска: Владата со посебна сериозност ги разгледува барањата на странските инвеститори

Ќе излеземе во пресрет на секој што сака да допринесе во развојот на нашата економија, вели вицепремиерката за економски прашања.

По денешната седница на Владата надлежните институции ќе објават што е усвоено од Уредбите на третиот антикризен пакет, изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

 

– Тековно ги носиме уредбите и секоја го зазема текот на својата имплементација, истакна Царовска по посетата на Бунарџик.

Во врска со барањата на странските инвеститори дали ќе има царински олеснувања за справување со последиците од корона-кризата и продолжување на мерката за исплата на плати, Царовска рече дека тие внимателно се следат, а денеска ќе има и онлајн состанок на генералниот секретар со Советот на странски инвеститори.

-Владата со посебна сериозност и внимание ги разгледува барањата на странските инвеститори. Денеска има и онлајн состанок на генералниот секретар со Советот на странски инвеститори за да се разгледаат не само можностите за продолжување на постоечките мерки, туку повеќе да размислуваме развојно, што е она што можеме да го понудиме за да привлечеме повеќе од нив, но и да им дадеме можност и да се развиваат со нови операции во нашата држава. Јас сум сигурна дека како и досега, така и понатаму, на истиот инклузивен начин ќе ги носиме одлуките како Влада и ќе излеземе во пресрет на секој што сака да ја развива нашата економија, а притоа да ги почитува протоколите и препораките од здравствената комисија и работничките права, напомена Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот