6 C
Скопје

Царовска: Медиумската писменост е само парче од новата концепција за основно образование

Министерството за образование и наука посветено работи во наставните содржини да воведе медиумска писменост. Бирото за развој на образование во изминатиот период работеше на воведување или изработка на курикулуми кои понатаму би се вклучиле во постојните предмети.

Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн тркалезната маса на тема „Потребата и можностите за вклучување на медиумската писменост во формалното образование во Реупублика Северна Македонија” во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Во моментов работиме и на нов концепт за основно образование и ве уверувам дека медиумската писменост ќе биде дел од овој концепт за да може во истите предмети да се воведе медиумската писменост како основа за препознавање на тоа што се точни информации, кои се лажни вести, затоа што е значајно нашите најмлади, посебно во време на Ковид каде се изложени постојано на информации кои ги имаат и по социјалните мрежи и по порталите и на телевизиите, да знаат да оценат што е тоа што е вистина, што е тоа што треба да се препровери, посочи Царовска.

Медиумската писменост, како што рече, е само парче од новата концепција за основно образование. Таа, како што соопшти, треба да почне да се имплементира 2021/2022 учебна година и ќе биде јавно објавена за дебата пред да се донесе наставниот план, содржина и програма.

Прочитајте и...  Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сивус“

– Нема да се оди сукцесивно во основно, туку ќе се оди промена на наставна програма, план и материјали од прво до деветто одделение и сите ќе треба да се реорганизираат како училишта. Амбициозна е агендава, мислам дека тоа може да се постигне. Тука ќе бидат воведени сите нови елементи, не мислам дека треба да биде посебен предмет. Главно ќе бидат организирани околу пет поглавја, другите ќе бидат изборни, дополнителни теми кои ќе бидат директно врзувани со подрачјата кои ги учат од прво до деветто и тука ќе воведеме обуки кои ќе бидат задолжителни за примена на новата наставна содржина и тука медиумската писменост, како и другите работи кои ги воведуваме, како сексуално образование, животна средина, ќе треба да влезат во тие стандардни обуки со почеток во 2021/2022 година, појасни министерката.

Додаде дека за предучилишното образование, односно градинките треба да се дискутира во програмите да се воведе во најрана возраст елемент на медиумска писменост.

– Јас сум сигурна дека ако успееме да ја воведеме во основното образование и да го обучиме наставниот кадар, брзо ќе го спуштиме во предучилишното образование. Што порано ги соочиме децата со потребата од препознавање и медиумска писменост, толку подобро ќе биде за понатаму да се гради целиот тој систем. За учениците со попреченост, образованието треба да биде инклузивно, и ние се стремиме да постигнеме инклузивност на сите нивоа во образование, но медиумската писменост за учениците со попреченост е исто така значајна, и затоа треба да имаме што повеќе адаптирани материјали и начин на презентирање на медиумската писменост и за овие ученици со интелектуална попреченост, рече Царовска.

Прочитајте и...  Теохарис: Туризмот не е причина за вториот бран од пандемијата

Директорката на МИМ Билјана Петковска се осврна на перспективите на досегашната работа и искуството во оваа област, и зошто сметаат дека е важно медиумската писменост да се вклучи во формалното образование.

– Задоволство ми е што потребата за вклучување на медиумската писменост во формалното образование е препознаена и потврдена од клучните државни институции, особено од Владата, од МОН, вклучително и Бирото за развој на образованието. Конечно минатата година со Владата и со коалицијата формирана од група граѓански организации, со факултетите за новинарство, МРТ и со поддршка од ЕУ сите заеднички успеавме да го придвижиме овој процес, посочи Петковска.

Нивната континуирана работа во оваа област, смета таа, потврдува дека постои голема потреба од интервенции и активности кои ќе бидат насочени во сферата на формалното, но и на неформалното образование.

Прочитајте и...  Сексуално образование не е „табу“ - стартува во две урбани и две рурални училишта

– Медиумската писменост се смета за функционална писменост на 21 век и би рекла дека тоа е една клучна животна вештина без која многу тешко да се опстои, да се функционира и да се напредува во ова сеприсутно дигитално опкружување. Преку нашите активности увидуваме дека јавноста, особено учениците и студентите, но и повозрасните сметаат дека знаењето и вештините за медиумска писменост стануваат неопходни за справување со напливот на огромен број информации на дневно ниво, вели Петковска.

Според неа, неопходна е широка општествена акција, координација и соработка меѓу релевантните чинители. Тоа, како што вели, вклучува соработка меѓу државните институции, граѓанските организации и училиштата во високо образовните институции и предучилишните установи, кај медиумите и аудиовизуелната индустрија. За постигнување видливи резултати, додава, неопходно е вклучување и од страна на државата, но и од приватниот сектор.

– Се надевам и верувам дека во наредниот период конечно ќе успеме да почнеме да преку обука на наставниците, создавање наставни материјали, промени во наставната програма во образовните политики на државата со цел интеграција на медиумската писменост во основното и средното образование, но и во градинките и високообразовните институции, притоа водејќи се од начелото дека воведувањето медиумска писменост не значи воведување нов предмет во наставните програми, туку пристап, начин на учење на сите предмети, заклучи Петковска. 

Поврзани вести

Германија ги продолжува ограничувањата поради пандемијата до јануари

Слободен печат

ВИДЕО I Заев: Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост се имплементира со силно темпо, продолжуваме според принципот „ништо за нив – без нив”

Слободен печат

Градоначалникот на Лос Анџелес им нареди на жителите да останат во домовите поради ковид-19

Слободен печат

Пожар во болница во Москва: Најмалку две лица загинаа, повеќе од 20 се евакуирани

Слободен печат

АМСМ: Сообраќајот по наместа влажни коловози

Слободен печат

Полициска операција во Рим, уапсени се 28 членови на криминална организација

Слободен печат

Остави Коментар