Цароска: Законот за практиканство се дава можност за работно ангажирање

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и преставници од министерството денеска имаа работен состанок со членовите на Македонската банкарска асоцијација.

На состанокот пред банкарите беше презентиран новиот Закон за практиканство којшто е на сила од крајот на минатата година и можноста за негова примена во банкарскиот сектор.

– На иницијатива на стопанските комори направивме законска рамка со којашто се дава простор компаниите да ангажираат невработени лица на практична работа. На овој начин ја зголемуваме вработливоста на младите лица, но и можноста за избор на квалитетен кадар – рече министерката Царовска на состанокот.

Маја Стевкова Штериева, Претседателка на Македонската банкарска асоцијација рече дека Законот дава можност за опфаќаме и на среднистите за дел од работните места со коишто во моментот банкарскиот сектор се соочува со недостиг како што е ИТ кадарот”, рече Стевкова Штериева.

Со Законот за практиканство се дава можност за работно ангажирање на сите лица коишто не се во работен однос, а имаат завршено најмалку основно образование и се на возраст до 34 години.

Законот овозможува платена практична работа во траење од 6 месеци. Во првите три практикантите добиваат добива надосместок од околу 5.000 денари, а во следните три месеци надоместокот е во висина на минимална плата.

http://mtsp.gov.mk/kako-da-stanetete-praktikant.nspx

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот