Цановски: Поротничката е поткупена од мафијата

„Се сомневам дека самоволно дала оставка и дека е поткупена од мафијата, која што владее во Македонија или од некои закани.“, вели Цановски

По денешното рочиште, бизнисменот Фијат Цановски, пред Кривичниот суд, изјави дека се сомнева дека поротничката самоволно дала оставка и дека е поткупена од мафијата.

– Се сомневам дека самоволно дала оставка и дека е поткупена од мафијата, која што владее во Македонија или од некои закани. Како што видовте, судењето ќе почне од почеток, но јас сепак верувам во правосудниот систем и верувам дека овој процес многу брзо ќе се заврши, изјави Цановски.

Одбраната, посочи Цановски, настојува да ги пролонгира судењата со очекување дека ќе победат на изборите и повторно ќе завладее „сваровски судството”, па така ќе се спасат од криминалите кои ги направиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот