ЦУК: Пронајдена е жената од Охридско која се изгуби додека берела печурки

Фото: Alexandr Kryazhev / Sputnik / Profimedia

Во раните утрински часови е пронајдена жена од охридското село Горно Среднорече, која вчера се изгубила берејќи печурки.

Од Регионалниот ЦУК – Охрид соопштија дека жената се изгубила околу 20:40 часот, а по целовечерна потрага, таа е пронајдена во раните утрински часови во добра здравствена состојба.

Исчезнувањето го пријавил сопругот, кој информирал дека биле задно да собираат печурки на различни локации низ шума. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, жената не се појавила.

Во потрагата била вклучена и единицата за спасување на планина со куче обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, мештани од селото и роднини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот