Црногорските трговци ќе работат во недела за 70-80 отсто повисока дневница

Подгорица/ Фото: World Pictures / Alamy / Profimedia

Социјалните партнери во Црна Гора наскоро би можеле да се договорат да потпишат општ колективен договор (ОКД) со кој би се дефинирала неделната работа за сите вработени, освен оние кои работат на места чијашто природа на работа бара континуирана работа, пишува Побједа.

Претседателот на Синдикатот на работодавачи (УПЦГ) Предраг Митровиќ за Побједа потврди дека партнерите ќе го потпишат ОКД во следните две недели.

-Станува збор само за ситници за кои сè уште треба да се договориме. Договорот постои и се надеваме дека наскоро ќе биде потпишан. Социјалниот дијалог меѓу синдикатите и работодавачите се подобри по долго време – рече Митровиќ.

Весникот пишува дека работењето на продавниците во недела би можело да се дефинира со општ колективен договор, со зголемување на заработката на вработените кои работат тој ден. Се преговараше дневниците за тој ден да се зголемат за 70 до 80 отсто.

Претставниците на синдикатот рекоа дека по потпишувањето на ОКД, социјалните партнери ќе започнат со измени на Законот за внатрешна трговија, од чиј член 35а се забранува работењето на продавниците во недела или ќе се обидат да најдат некое преодно решение додека законот не сменето.

Но, членот 76 од ЗРО предвидува дека вработените имаат право на еден слободен ден во неделата, а истиот можат да го користат и во недела или во деновите што му претходат или следат. Доколку природата на работата го налага тоа, работодавачот е должен да определи други денови за одмор и за тоа да го извести работникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот