Црногорците први во светот што ќе имаат можност да се претплатат на Вибер

Корисниците од Црна Гора кои ќе се одлучат да се претплатат на Вибер Плус ќе бидат првите во светот кои ќе имаат можност да активираат нови услуги и функционалности достапни само за членовите на претплатничкиот клуб.

Сите останати стандардни и секојдневно користени услуги на апликацијата Вибер ќе останат бесплатни за сите корисници ширум светот. За 1,99 долари месечно, претплатниците на Вибер Плус ќе имаат пристап до дополнителни функции, а сите членови ќе добијат и значка за потврда со нивниот аватар (слика на профилот) што ја потврдува нивната претплата.

Оваа услуга ќе биде достапна во фази во целните региони во светот – почнувајќи од Црна Гора, Чешка, Швајцарија, Кувајт и Австралија. Дополнителните функционалности на Вибер Плус се веќе во развојна фаза и наскоро ќе бидат претставени, објави црногорскиот портал Аналитика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот