Црна гора знаме

Црна Гора затвори ново ЕУ-поглавје, остануваат уште 19

Црна Гора во вторникот привремено го затвори Поглавјето 21 – трансевропски мрежи, во рамки на пристапните преговори со Европската Унија, објави „Вјести“.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, на Меѓувладината конференција во Брисел,  истакна дека напорната работа и посветеноста на Црна Гора дале резултат.

— Вашето денешно достигнување е инспирација за сите земји во процесот на пристапување. Црна Гора е најнапредната земја во овој процес. Да нема никаква дилема, мои драги пријатели во Црна Гора, го затвораме Поглавјето 21 – трансевропски мрежи. Честитки до сите во Црна Гора — изјави Кос по конференцијата.

Црна Гора сѐ поблиску до членство во ЕУ: конечно ги затвори петте поглавја за влегување во Унијата

Политиката за трансевропски мрежи е насочена кон развој и унапредување на транспортните, енергетските и телекомуникациските системи во согласност со европските стандарди.

По затворањето на ова поглавје, на Црна Гора ѝ остануваат уште 19 од вкупно 33 поглавја за да го заврши пристапниот процес. Кос нагласи дека очекува континуирана посветеност од сите политички актери, додавајќи дека со силна политичка волја земјата може да продолжи со истото темпо. Таа посочи и дека е неопходно зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и усогласување на визната политика со ЕУ.

Кос додаде дека Црна Гора мора да обезбеди професионално вработување во полицијата.

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ изјави дека ова е 14-то привремено затворено поглавје и дека тоа отвора можности за подобар развој на инфраструктурата.

ВИДЕО | Дали Марта Кос откри кои четири земји се најблиску до приклучување кон ЕУ?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот