Црна Гора сѐ поблиску до членство во ЕУ: конечно ги затвори петте поглавја за влегување во Унијата
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека Црна Гора денеска затворила повеќе од една третина од преговарачките поглавја, што го оцени како голем успех.
Препорачано
„Напорната работа носи извонредни резултати. Денеска затворивме пет преговарачки поглавја со Европската Унија и со тоа, со вкупно 12 затворени поглавја, поминавме повеќе од една третина од патот. Во 2026 година влегуваме со многу надеж и елан таа да биде уште подобра, пофокусирана, со поголема меѓуинституционална соработка, доверба и дипломатија, поради кои следната ќе ја дочекаме со задоволство од завршената работа. Благодарен сум на министрите, тимовите, пратениците и на сите колеги затоа што во овој процес секогаш наоѓаат компромиси што нè водат напред. Не постои беспрекорен пат, но постои беспрекорен резултат. Нашиот е токму таков,“ напиша Спајиќ.
Naporan rad donosi izvanredan rezultat. Danas smo zatvorili 5 pregovaračkih poglavlja sa Evropskom unijom i time sa ukupno 12 zatvorenih poglavlja prešli trećinu puta. U 2026. godinu ulazimo sa puno nade i elana da bude još bolja, fokusiranija, sa više međuinstitucionalne… pic.twitter.com/v7iM51lsJC
— Milojko Spajić (@MickeySpajic) December 16, 2025
Црна Гора денеска ги затвори поглавјата 3 – Право на основање претпријатија и слобода на давање услуги, 4 – Слобода на движење на капиталот, 6 – Трговско право, 11 – Земјоделство и рурален развој, како и поглавјето 13 – Рибарство.
Пресврт во Брисел – Црна Гора затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ
Црна Гора никогаш не била поблиску до Европската Унија, порача утрово европската комесарка за проширувањед, Марта Кос, пренесува „Вијести“.
Таа, по Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и ЕУ, на која земјата затвори уште пет преговарачки поглавја, изјави дека Црна Гора е предводник во процесот на европски интеграции и кандидат со најдобри резултати, што, како што рече, го потврдила и денеска – со вкупно 12 затворени поглавја.
Кос истакна дека пред Црна Гора има уште многу работа, особено во делот на зајакнување на владеењето на правото, што, како што рече, „започнува со давање приоритет на именувањата што обезбедуваат независно судство, во кое судиите можат да носат одлуки слободно и без политички притисок“.
На затворањето на поглавјата 11 и 13 во петокот се спротивставила Франција на седницата на Комитетот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР), но по интензивни дипломатски активности на претставниците на Црна Гора, таа земја дала зелено светло, по што сите пет поглавја вчера биле одобрени од Комитетот.
Франција блокира две поглавја во преговорите на Црна Гора за влез во ЕУ
Според неофицијални информации на „Вијести“, француските претставници на седниците на КОРЕПЕР и на Работната група на Советот на ЕУ (КОЕЛА) тврделе дека двете поглавја не се подготвени за затворање и дека не се доволно усогласени со правото на ЕУ, но при тоа не навеле конкретни причини за таквиот став.
Со овие пет, Црна Гора досега има затворено вкупно 12 поглавја во преговорите со Европската Унија. Владата планира преостанатите 21 поглавје да ги затвори во текот на следната година.


