Чувствувате мачнина на патување? Пробајте од овој природен лек

pixabay

Значаен број луѓе чувствуваат мачнина на патувањето, особено кога се патува низ планински предели, свиоци, на подалечни патувања…

Како на природен начин да го отстраните нагонот за повраќање при патувањата? Овој стар рецепт делува подобро од современите апчиња.

Станува збор за чајна мешавина против мачнина и повраќање која може да ја подготвите сами.

Еве како да ја подготвите:

Ѓумбир – 1 кафена лажичка сув ѓумбир или сантиметар свеж корен (изрендан).

Цимет – половина кафена лажичка.

Нане – две кафени лажички.

Маточина – две кафени лажички.

Ѓумбирот прелијте го со литар ладна вода, оставете да се вари две-три минути додека водата зоврие. Тргнете ја водата со ѓумбир од ринглата, додадете го циметот, нането и маточината. Убаво измешајте, поклопете го садот и оставете го поклопен да отстои половина час. Процедете го и пијте од чајот пред и во текот на патувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот