Чурлинов: Кога играме за Македонија, нема пријателски натпревар

Заедно со селекторот, Благоја Милевски на денешната прес-конференција присуствуваше и фудбалерот Дарко Чурлинов.

Чурлинов истакна дека како и во секој натпревар, Македонија и во овој ќе оди на победа, без разлика што станува збор за пријателска средба.

„За нас не постои пријателски натпревар, секој следен меч за Македонија е приоритет, атмосферата е супер, имаме шанса благодарение на селекторот да ја претставуваме Македонија на ова ниво. Се надевам дека договореното ќе го покажеме на теренот. Најважно е да влеземе како треба против Летонија, секоја победа носи самодоверба и важно е да се триумфира“, кажа Чурлинов.

Натпреварот се игра во терминот од 18:00 часот, а пет дена подоцна ќе се соочиме со Велс во последниот дуел од квалификациите за СП.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Милевски: Нема да се штедиме со Летонија, имаме пет дена одмор за Велс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот