Фото: ФФМ

Милевски: Нема да се штедиме со Летонија, имаме пет дена одмор за Велс

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра натпреварот против Летонија кој е од пријателски карактер, а влезот на стадионот за сите љубители на фудбалот за овој дуел е бесплатен.

Денеска селекторот Благоја Милевски ја одржа редовната прес-конференција на која посочи дека во составот имаме и проблеми со повредени фудбалери.

„Сè уште не знам дали денеска ќе тренираат сите, ќе имаме појасна слика после тренингот. Сигурно е дека Атанасов и Муслиу нема да конкурираат за утрешниот меч, се надевам дека сите останати ќе бидат подготвени. Против Летонија нема да се штедиме бидејќи имаме пет дена одмор до мечот со Велс. Кога игра Македонија нема простор за штедење и калкулација, сите кои ќе играат ќе го дадат максимумот и ќе се обидеме да извлечеме колку што е можно повеќе и на физички и на тактички план. Има работи кои сакам да ги видам утре, пример како стоиме на физички план, сакам да видам на кое ниво сме, резултатот ќе биде важен“, изјави Милевски.

По натпреварот против Летонија, Македонија ја чека последниот дуел од квалификациите против Велс во кој ќе играме за второто место во групата и за подобра позиција во баражот (ако Велс не слави со шест гола разлика претходно со Лихтенштајн).

Секогаш акцент барем во мојот начин на фунцкионирање е ставен на тимот и така ќе биде додека јас сум селектор. Мора да функционираме сите на одредено ниво за да бидеме конкурентни со вакви противници во вакви квалификации, играме со серозни противници и немате право да сте некаде подобри, некаде послаби. Мора да сте на највисоко ниво во секој сегмент, Македонија покажа дека има квалитет, дека  сме констатни и тоа најмногу ме радува, немаме осицилации во играта и тоа е правецот во кој треба да се движи Македонија и во иднина.

Натпреварот со Летонија утре го играме во терминот од 18:00 часот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот