Чурлинов: Го придонесовме тоа што беше договорено, и резултатот си дојде самиот по себе
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија оствари убедлива победа над Лихтенштајн со 5:0 и се врати на првото место на табелата во групата Ј со 11 бодови, по петтото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Препорачано
Доминација на избраниците на селекторот Благоја Милевски во секој поглед на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, одличен настап и придодавање на важни три бода на нашето салдо.
Следните квалификациски предизвици за Македонија се во текот на следниот месец, на 10 октомври ќе игра на гости во Гент против Белгија, а три дена подоцна во главниот град ќе го пречека Казахстан.
Стрелец на третиот погодок во триумфот над Лихтенштајн беше Дарко Чурлинов:
– Го придонесовме тоа што беше договорено на терен, и резултатот си дојде самиот по себе. Денес нема релаксирачки натпревар, никој не може да оди во меч со 70-80% посебно кога играме за репрезентацијата и тоа така треба да биде. Секоја репрезентација кога ќе дојде овде, треба да знае каде доаѓа и треба добро да се испоти за да нѐ победи. Да, имаме интересни натпревари пред нас кои ќе бидат одлучувачки. Треба да дадеме сѐ од себе и да излезе сѐ во најдобро светло – изјави Чурлинов по третата победа во мундијалските квалификации.


