Чудо од дете: Најмладиот дипломец во историјата на факултетите, има 13 години и четири дипломи!

Џек Рико (13) од САД има дури четири дипломи на стручен соработник – ги стекнал во рок од само две години. Само за споредба, на просечен студент толку време му е потребно за да дојде само до една таква диплома.

фејсбук

Станува збор за академска програма која не постои во нашиот регион, туку најчесто се практикува во САД и Канада. Се вика „асоушиетс дигри“, а се работи за пред-дипломско ниво (прва фаза по средното училиште), целта е на студентите да им пружи основни технички и академски знаења и вештини што им се потребни за вработување или понатамошно студирање во одредена област.

Ова исклучително паметно момче минатиот викенд дипломирало на Колеџот Фулертон во Калифорнија, со што станал најмлад ученик кој постигнал таков успех во историјата на факултетите.

Момчето стекнало дипломи за стручен соработник од историја, човечко изразување, општествено однесување и општествени науки.

Publiée par Fullerton College sur Mercredi 27 mai 2020

– Едноставно сакам да учам нови работи. Сакам да знам повеќе нешта за светот и за сите различни работи кои можат да се проучат, рекол Џек за „Си-Ен-Ен“.

– Колеџот има околу 21.000 други студенти од различни средини, но Рико е посебен и отскокнува од масата. Не е типично толку млад студент на посетува настава, па така Џек е прилично познат во кампусот. Многу е мудар за своите години и многу сум задоволен што на нашиот колеџ го пронајде домот и местото за успех, искоментирал Грег Шулц, претседател на Колеџот Фулертон.

Џек е скромен и смета дека нема многу мудрост во неговиот успех. Вели дека е важно добро да се управува со времето и да се слушаат професорите. Што сака да биде кога ќе порасне, сè уште не знае.

– Сè уште се обидувам да ги истражам своите интересирања и да сфатам што сакам да работам во животот, рекол и открил дека обожава видео игри.

Publiée par Fullerton College sur Mercredi 27 mai 2020

Посебен е од мали нозе

Неговата мајка, Ру Андраде, рекла дека знаела дека нејзиниот син отскокнува од другите деца уште кога бил мало момченце.

– Кога наполни четири години го прашав што сака да добие за роденден. И додека другите деца на негови години бараа играчки или патување во Сизниленд, тој кажа дека сака да ја види Белата куќа, се сеќава со гордост неговата мајка.

Одлучила да му ја исполни желбата, но под еден услов.

По една недела, Џек ѝ пришол на мајка му и добро ја шокирал.
– Рече: „ Веќе ги знаев претседателите, но сега ги запомнив и сите потпретседатели, па така сега може да одиме“. Тогаш сфатив дека е многу попаметен од мене, раскажува мајката и додава дека му ја исполнила роденденската желба. Отишле да ја видат Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот