Петар Ратков/S.S. Lazio

Чудна ситуација во Рим: Лацио купи српски фудбалер за кој тренерот Сари ништо не знае

Екипата на Лацио продоли а да се соочува со сериозни проблеми во обидот да се врати на патеката на успехот од периодот кога редовно се бореше за трофеи во италијанскиот фудбал, но и оваа сезона не не им оди најдобро. По вчерашното реми со Фиорентина, тренерот Маурицио Сари јавно призна дека нема целосна контрола врз кадровската политика во клубот.

Искусниот стратег откри дека не е запознаен со најновото зимско засилување, српскиот напаѓач Петар Ратков, кој дојде како замена за Валентин Кастељанос за сума од 13 милиони евра.

„Искрено, не го познавам Ратков и не знам речиси ништо за него. Тешко ми е да зборувам за фудбалер со кого не сум запознаен. Луѓето од клубот го донесоа и тие знаат повеќе“, изјави Сари по натпреварот.

Лацио се најде во тешка позиција по забраната за трансфери минатото лето, а во јануарскиот преоден рок беше принуден да се раздели со дел од клучните играчи. Продажбата на Кастељанос во Вест хем дополнително ја ослабе а офанзивата, а доаѓањето на Ратков од Салцбург, според зборовите на Сари, очигледно не било во согласност со неговите желби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот