Чудна изјава на поранешниот хрватски селектор: Зашто само скандирањето „Убиј го Србинот“ е навреда

epa03855289 Igor Stimac head coach of Croatia seen during the FIFA 2014 World Cup qualifying soccer match between Serbia and Croatia in Belgrade, Serbia, 6 September 2013. EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Поранешниот хрватски репрезентативец, а потоа и селектор на „коцкестите“, Игор Штимац во интервју за „Индекс“ зборуваше за скандирањата на фудбалските терени. Штимац вели дека не смее за навредливо да се смета скандирањето „Убиј го Србинот“, туку сите  скандирања од трибините.

Не слушнав дека се скандира „Убиј го Србинот“. Јас слушнав „Штимац, Турчине“, како тоа не ве боли или „“Напуши се… не знам што“. Не видов некој да ги казни навивачите кои скандираат такви работи.
Кога не навредуваат ние кои не сме симпатични, тогаш никој тоа не го потенцира и не се јавуваат здруженија да кажуваат дека тоа е дискриминација, дека има навредливи пораки или некој треба да биде казнет. Веднаш се крева врева само кога има повици на нетрпеливост кон српското малцинство. Зошто е тоа така? Зошто тие се различни? Не треба да има навреди кон никого, не смее да се скандира ниту „Мамиќ цигане“. Зашто некој би се навредувал, дали спортските терени се полигин за навреди? Треба сите исто да се третираат, не треба да им привилегирани во вакви ситуации – вели Штимац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот