Граничен премин „Табановце“ / фото: илустрација / Слободен печат

Човек од Турција без документи е уапсен на „Табановце“ – откриле дека криел непријатна тајна

Вчера попладне, 27-годишен државјанин на Турција е уапсен на граничниот премин „Табановце“, откако се појавил без никакви документи и сакал да ја напушти Македонија. Полицајците набргу откриле дека тој криел непријатна тајна, поради која и го уапсиле.

„На 14.12.2025 во 16:20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишија од слобода О.А.(27) од Република Турција. При излез од државата тој не поседувал никакви документи, а по извршени проверки утврдено е дека по барање на Интерпол по него е распишана меѓународна потерница и бил баран за издржување на затворска казна од осум години. Тој е пренесен во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот