„Чкембари“ поради бојкотот пред сала ќе го бодрат Еурофарм Пелистер против Вардар 1961

фото: facebook.com/1985ckembari

По поразот на Еурофарм Пелистер во Скопје од директниот конкурент за шампионската титула во Македонија, Вардар 1961, навивачката група „Чкембари“ најавија бојкот до крајот на сезоната.

На 6 мај во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се игра најважниот натпревар во битката за шампионската титула помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 кои имаат по 33 бодови.

И покрај поразот во СЦ „Јане Сандански“ од 31:24 на 26 март, се вратија надежите на битолската екипа откако скопските „црвено-црни“ загубија од РК Алкалоид на 1 април со 22:21.

Бојкотот на „Чкембари“ продолжува, и својата поддршка за ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе ја даваат пред спортската сала „Боро Чурлевски“.

– САБОТА ЦЕЛА БИТОЛА ПО ТИТУЛА! „ЧКЕМБАРИ ВЕЧНО ЌЕ СО СЕ ТЕБЕ“, токму како што знаат само тие да згрмат, Чкембари поради бојкотот натпреварот ќе го следат на видео-бим пред спортската сала „Боро Чурлевски“! – најавија „Чкембари“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот