„Чкембари“ до управата на Еурофарм Пелистер: Не ги префрлајте на нас резултатските неуспеси

фото: facebook.com/1985ckembari

Во дербито од македонската ракометна Суперлига, Вардар 1961 успеа да го добие првиот од двата натпревари кои ќе одлучат за новиот шампион оваа сезона.

Во една вжештена атмосфера во СЦ „Јане Сандански“ скопските „црвено-црни“ со 31:24 го совладаа Еурофарм Пелистер.

Овој меч го одбележаа и низа инциденти, дојде до прекин во 17 минута кога навивачите на Вардар влетаа на теренот и фрлаа предмети кон трибината на гостинските фанови кај што се наоѓаа „Чкембари“ кои пак претходно фрлаа факели и кон неутралната трибина. Со соопштение за целата ситуација се огласија од битолскиот клуб.

Се огласи и навивачката група „Чкембари Битола“ кон управата и сопствениците на РК Еурофарм Пелистер.

Брендот Пелистер доаѓа во пакет со Чкембари а пакетот содржи се она што е добро и лошо. Пелистер на насловни страни се појавувал поради Чкембари, многу пати повеќе од било кој играч кој донел радост на клубот. После секој натпревар во Битола странците ја величат атмосферата во сала ви делат комплименти за истата, Пелистер надалеку е познат баш поради таа специфика која многу малку ракометни клубови ја имаат во Европа.

Пред да не осудевте 40/50 пијани или нешто друго будали, требаше да не контактирате нас, да прашате дечки шо се случи. Не, вие за нас завчера бевте недостапни, нејсе не ви се налутивме, иако 22-ца браќа оставивме на милост и немилост во Скопје без можност да им помогнеме бидејќи бевме 2 часа по завршеток на натпреварот буквално тормозени од специјалните единици. Драга управо, завчера од истото место трет пат можеби и од истите луѓе бевме нападнати. Кога би го имале тоа малку во вас што ние го имаме во нас за овој клуб но и против завчерашниот ривал, во ниеден момент не би се посомневале во реакцијата која ја видовте завчера. Да имаше реакција од нас, можеби и прекумерена, но тоа не би требало да ви даде за право да се оградите од тие кои секој ден врват часови размислувајќи и фантазирајќи за клубот кој го водите. За информација, комити 50-тина слегоа на терен не нападнаа нас со фрлање на шишиња ви украдоја дел од клупската опрема но ни вардар се огради од нив ни па имаа некој уапсен.

Епилогот од завчера е 22 уапсени Чкембари и ниеден комита. Господо, резултатските неуспеси, не ги префрлајте на нас. Завчера бевме ние да дадеме елан да даеме снага да појачаме адреналин кај нашите играчи, а добивме побледени аматери. Чкембари не ве чинат годишно ни 1/5 од една месечна плата на скапоплатените ѕвезди кои имаат придонес во клубот рамен на нула. Ние постоиме за вас, а Пелистер е сеуште клуб поради нас. Едно сме, вакви грешки во иднина не смеат да се повторат! ОВАА РАКОМЕТНА СЕЗОНА ЗА ЧКЕМБАРИ Е ЗАВРШЕНА – објавија „Чкембари Битола“.

Приведени 18 лица во хаосот на дербито помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот