Чистење на накит, прочитајте ги овие корисни совети од стручњаци

Фото: Архива

Редовното чистење на накитот овозможува тој да изгледа убаво и блескаво како да е нов.

За накитот да изгледа убаво, онака како што сте го купиле, потребно е редовно да го чистите. Тоа воглавно се прави со блага сапуница и четкичка за заби. А ако се наталожиле нечистотии, потребно е да го ставите во жешка вода во која ќе додадете прашок за перење на алишта.

Сепак, секој накит си бара посебен третман.

Злато

Златото кога ќе го чистите, немојте да употребувате абразивно средство зошто лесно ќе се изгребе и ќе го загуби сјајот. Чистото злато не би требало да окскидира ниту кога е во допир со киселина, но накитот направен од злато со додатоци, на пример, од сребро, бакар, цинк, може да потемне ако дојде во допир со вода во која има хемикалии. Истото може да се случи и при допир со козметика или пот. Затоа, препорачливо е да го чистите со четкичка натопена во обична вода и малку сапуница.

Корали

Се чистат со нежно поминување со фланелска крпа. Оштетувања можат да се предизвикаат од различни хемикалии, но и од козметика и од парфем. Затоа накитот од корали се става на крајот, дури откако ќе се нашминкате, ќе ставите парфем и сте подготвени за излегување. Коралите не трпат ни допир со вода, па никако немојте да го заборавите ваквиот накит на себе кога одите под туш.

Скапоцени камчиња

Дијамантите се чистат со вода во која претходно ќе ставите малку амонијак и детергент за садови. Дијамантите, како и сафирот и рубинот, спаѓаат во најотпорни камчиња па можете и да ги провриете во вода за да се исчистат. Но, оваа процедура на чистење никако не важи и за смарагдот, аметистот, малахитот, тиркизот, месечевиот камен и други драги камчиња. За разлика од дијамантите, овие реагираат дури и на допир со многу хлорирана вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот