Базен / Фото: Fripik

Четворица луѓе добиле силна кашлица во охридски хотел, вдишале хлор од базенот

Четворица гости во хотел во Охрид добиле силна кашлица откако вдишале хлор од базенот, информира МВР.

Според информациите, настанал технички проблем во системот за циркулација на водата.

„На 19.01.2026 во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица. Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност. Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот“ соопшти СВР Охрид.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот