Четиринаесет лица загинаа во поплави и лизгање на земјиште во Шри Ланка

Фото: EPA-EFE/ANTONIO DASIPARU

Според Националната управа за управување со катастрофи, најмалку 10 лица загинаа во поплавите и уште четири во свлечиштата. Две лица се водат за исчезнати.

Најмалку 14 лица загинаа како резултат на поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од поројните дождови во Шри Ланка, јави Ченел Њуз Ејжа (Channel News Asia).

Според Националната управа за управување со катастрофи, најмалку 10 лица загинаа во поплавите и уште четири во свлечиштата. Две лица се водат за исчезнати.

Вкупно 33 спасувачки бригади, кои се дел од морнарицата на земјата, се испратени во поплавените подрачја. Според последните информации, спасени се 66 лица.

Обилните дождови врнат во четири региони на Шри Ланка од четвртокот, вклучително и во главниот град Коломбо и околните градови.

Под вода се станбени згради, полиња со ориз и патишта. Катастрофата погоди околу 245.000 луѓе и повеќе од 800 куќи се целосно уништени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот