Фото: РК Алкалоид

Четири македонски екипи би играле во Регионалната ракометна лига?

Минатата недела, првите луѓе на ракометните федерации на републиките на поранешна Југославија разговараа во Загреб, Хрватска, за ново здружување на силите, ново регионално натпреварување.

Се предвидува, почнувајќи од следната сезона, да стартуваат жените, да се натпреваруваат по два тима од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина. Би можеле да има дури три учесници од Лигата на шампионите на едно место, Крим од Љубљана, Подравка од Копривница и Будуќност од Подгорица. Србија би била претставена од двата најдобри тима, кои моментно се Црвена звезда и Наиса од Ниш.

Ситуацијата е покомплицирана кај мажите. Засега, планот е да се обединат клубовите од Србија, Македонија и Црна Гора, користејќи го системот 4-4-2. Се бара спонзор, но и целта на натпреварувањето, дали може да се квалификува за еден од меѓународните купови, на пример Лигата на Европа. Познато е дека македонските тимови се многу конкурентни, и со поголем буџет: Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и ГРК Охрид.

Гостувањата на Вардар и Еурофарм Пелистер во Белград против Партизан пред неколку години ја исполнија Бањица. Имаше и гостински навивачи. „Црно-белите“ сигурно би биле магнет за публиката во Скопје, Битола и во Охрид.

Да потсетиме дека СЕХА лигата беше прекината по воениот конфликт во Украина. Нафтениот гигант „Газпром“ беше спонзор на тоа натпреварување. Имаше проблеми и кога таа лига беше распуштена. Па така, Веспрем испрати млад тим да игра против Партизан во Бањица. Војводина, која се бореше за титулата во Купот на ЕХФ во сезоната 2022/2023 (и го освои тоа натпреварување), играше и со втора екипа.

Идејата е добра, но лигата треба да има натпреварувачки карактер, да игра за нешто, не само за престиж. Доколку следната сезона се воспостават машки и женски лиги, тоа би значело нова реорганизација на домашните натпреварувања. Клубовите што би играле во Регионалната лига би се приклучиле на домашното првенство во втората половина од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот