Четири добри причини зошто треба да јадете костени

Костени / Фото: Pexels

Есента веќе пристигна, а со неа и омиленото есенски деликатес, костените. Тешко е да се оддолее на нивниот мирис низ градските улици, а овој плод меѓу другото има богата хранлива и енергетска вредност и поради тоа се препорачува на децата, спортистите, бремените жени и постарите луѓе.

Смирува – Костенот е богат со минерали, витамини од Б-комплексот, како и витамините А и Ц. Тие се сочувуваат за време на варењето на костените бидејќи дебелата кора го штити нивниот плод. Костенот содржи калиум, фосфор, калциум, магнезиум, сулфур, хлор, бакар, железо и манган.

Полни со витамин Ц – Во споредба со другите јаткасти плодови, костенот се разликува по тоа што има низок процент на масти, а голем процент на скроб, дури двојно од компирот. Исто така костенот е единствено јаткасто овошје кое содржи витамин Ц. Покрај бадемите и оревите, костенот не содржи глутен.

Совршен за трудниците – Костенот е многу богат со фолна киселина која обично се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук. Фолната киселина е неопходна за раст на клетките, синтезата на ДНК и нормална работа на нервниот систем. Внесувањето на храна богата со фолна киселина ги зголемува шансите за зачнување, а во текот на бременоста овозможува правилен развој на фетусот.

Го чува срцето – Костенот е богат извор на мононезаситени масти, како олеинска или палмитинска киселина. Монозаситените масти масти го штитат кардиоваскуларниот систем и помагаат во намалувањето на нивото на холестерол. Ја исфрла водата од организмот. Костенот помага кај бубрежните и стомачните тегоби, а може да се користи и за исфрлање на вишокот вода од организмот. Има и противвоспалителни својства, и е идеален за луѓето кои боледуваат од артритис и реума.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот