Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Фото: МИА

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Републикa  Македонија.

„Како претседател на Република Македонија, задоволство ми е да ја упатам мојата честитка по повод 8 Април ‒Меѓународниот ден на Ромите, ден на почетоците на ромското движење во кое уште од 1971 година на Првиот светски ромски конгрес е потврдено дека Ромите имаат свое знаме, химна, јазик, култура и официјално се нарекуваат Роми.

Со оваа честитка би сакал да ја искажам мојата почит за вашиот придонес во градењето и во зачувувањето на нашата татковина како дел од армијата, полицијата, образовните институции, здравствените институции, бизнисот и економијата, правото и правдата, администрацијата, дипломатијата, политиката, граѓанскиот сектор. Како и досега, сите заедно сме дел од секојдневната борба да обезбедиме достоинствен и квалитетен живот на сите во Република Северна Македонија без разлика на родовата, етничката, религиската, политичката или некоја друга припадност.

Не само денеска, туку и сите останати денови во годината, како држава не смееме да заборавиме на предизвиците и потребите на Ромите и на сите останати граѓани во нашето мултикултурно општество. Сите заедно имаме голема обврска да ја подобриме интеграцијата на Ромите, да создадеме општество во кое дискриминацијата и говорот на омраза ќе останат во минатото и ќе ги почитуваме човековите права на сите граѓани на нашата татковина.

Отворено ја давам мојата поддршка за амбиент во кој сите креатори на политики, институциите и граѓаните, ќе покажат проактивност за решавање на проблемите со коишто се соочувате и сите заедно ќе ја исполниме нашата обврска и максимално ќе ги искористиме нашите капацитети и надлежности во овој поглед.

Столб на нашата стабилност, развој и просперитет, како мултиетничко општество е тоа што заедно сме во оваа борба и заедно ја градиме патеката за остварување на еднакви права и должности пред законот за сите граѓани подеднакво.

Нека ни е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите! Bahtalo о 8. April sa e Romenge!“ се вели во честитката од Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот